Достапни линкови

Косово бара нова резолуција наместо 1244


Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека е дојдено време Резолуцијата 1244 да биде замената со нова, со која ќе биде призната независноста и ќе биде овозможен прием на Косово во ОН. Членство во Светската организација е целта која се надеваме дека ќе ја оствариме што побрзо, бидејќи таа е природна последица на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, истакна Хисени. Тој ги повика сите земји што досега не го сториле тоа, да го признаат Косово, додавајќи оти е дојдено времето Косово и Србија да започнат ново поглавје, а тоа би била соработка на еднаква основа- „држава со држава“.
XS
SM
MD
LG