Достапни линкови

За Србија Резолуцијата 1244 со пресудна улога


Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави дека улогата на Резолуцијата 1244 на Советот за Безбедност на ОН останува пресудна во решавањето на прашањето за Косово за кое, според него, не постои совршено, но мора да има правично решение. Ние ќе продолжиме непрекинато да работиме се додека не биде пронајден компромис за Косово, порача Јеремиќ на синоќешната седница на Советот за безбедност. Јеремиќ апелира до државите-членки на ОН кои не го признале Косово да не го менуваат ставот. Србија, според него, нема да се конфронтира со никого, но нема ни да се предаде.
XS
SM
MD
LG