Достапни линкови

Регистрација на куќните совети


Секоја зграда во иднина ќе мора да има регистриран куќен совет

Секоја зграда во иднина ќе мора да има регистриран куќен совет

Законот за домување стапува на сила. Зградите ќе мора да имаат регистриран куќен совет.

40-те станари во зградата на улица Благој Ѓорев во Велес веќе две години имаат свој куќен совет. Регистриран во Централниот регистер, ова тело функционира како посебен субјект. Првиот претседател Стојна Крстиќ вели дека предностите се огромни. Апелира секоја зграда да има активен куќен совет. Крстиќ го започнала процесот на пререгистарција, но се плаши од казни бидејки во законски определениот рок нема да ја заврши пререгистарцијата.
Сега засега сме задоволни, имавме состанок се договаравме околу пререгистарцијата, треба да се спроведе за да нетрпиме казни оти Законот мора да се спроведе. Како тоа ќе функционира,
ќе видиме.


„Време е на годишни одмори има многу станари кои се на годишен одмор кои ќе дојдат за недела две, има луѓе кои на шест месеци се отсутни имаат деца во странство ќе си дојдат во октомври ноември. Сега ние кога функционираме со жиро сметка, пари не чуваме во џеб ниту на штедна книшка не би требало да биде ригорозно и веднаш со казни ако не се пререгистрираме“, вели Стојна Крстиќ.

Пред две години, кога се регистрираше Советот, соседите негодуваа. Сметаа дека тој е непотребен. Но денес, сите сме задоволни, згрдата е многу поубава, велат станарите.

„Сега засега сме задоволни, имавме состанок се договаравме околу пререгистарцијата, треба да се спроведе за да не трпиме казни оти Законот мора да се спроведе. Како тоа ќе функционира, ќе видиме.“

„Доста работи направивме, вратата надворешна, околу одржувањето на зградата“, велат станарите.

Со средствата кои овие станари ги собирале на жиро сметка се поправил лифтот, се обелила зградата, а се променила и влезната врата. Сега, од кога ќе се пререгистрира, новото раковоство на Куќниот совет веќе ја добило согласноста да бара фирма која ќе ги поправи дотраените помошни лесвици и хидрант.
XS
SM
MD
LG