Достапни линкови

Во насилствата во Карачи 45 загинати


Најмалку 45 луѓе загинале а 80 се повредени во Карачи –Пакистан во насилствата кои избувнаа по убиството на еден локален пратеник. Во насилствата биле уништени и многу дуќани и автомобили. Убиениот пратеник Раза Хаидер е припадник на Движењето Мутахида Куами кое е на власт во Карачи. Станува збор за Движење на доселеници во Пакистан по поделбата на Британската колонија Индија во 1947. Нивниот главен ривал е Авами Национална Партија – секуларисти чија база се етничките паштуни од пакистанскиот северозапад.
XS
SM
MD
LG