Достапни линкови

Израел: инцидентот со Либан кршење на резолуцијата на ОН


Израелските власти на размената на оган меѓу израелските и либанските војници гледаат како на кршење на Резолуцијата 1701 на ОН. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека либанската влада треба да презеде одговорност за инцидентот, и предупреди на последиците aко продолжат насилствата. Најмалку три либански војници и еден новинар беа убиени во престрелнките. Непотврдени извори соопштуваат дека загинал и еден израелски офицер. Се уште не е јасно како започнале престрелките. Израел соопшти дека двајца нивни војници биле застрелани во тампон-зоната, но дека тие биле на нивната страна од границата. Либанските официјални лица изјавија дека израелските војници ја поминале границата .Овој судир е најсериозен по конфликтот од 2006 година меѓу Израел и либанските милитанти од Хезболах. Мировниците на ОН ги а повикаа двете страни да се воздржат од понатамошни судири.
XS
SM
MD
LG