Достапни линкови

Во вооружан напад во Северна Турција загина војник


Еден турски војник е убиен, а двајца други се повредени, во вооружен напад од страна на бунтовниците од Курдската работничка партија во областа Орду во Северна Турција, јавуваат турските медиуми. Војниците патролирале во областа меѓу градот Акуш и Салман, кога врз нивното возило бил отворен оган. Војниците веднаш одговориле на огнот, по што избувнала кратка престрелка. Бунтовниците успеале да побегнат во шумската област. Во областа е спроведена акција за нивно апсење.
XS
SM
MD
LG