Достапни линкови

ФИФА парично ги казни финалистите на СП


Фудбалските репрезентации на Шпанија и Холандија кои играа во финалето на Светското првенство во Јужна Африка , заработија парични казни од страна на ФИФА. За добиените жолти картони, Холандија која доби 11 ќе мора да плати близу 15 илјади евра, а Шпанија која доби 9 картони речиси 10 илјади евра. Единаесетте жолти картони кои ги добија репрезентативците на Холандија се нов рекорд на Мундијалските финалиња, предходно рекордот го држеа фудбалерите на Аргентина кои во финалето во 1986 година и победата над Западна Германија, добија 6 жолти картони. Паричната казна на ФИФА е минимална со огледа на тоа колку финалистите заработија од СП. Шпанската федерација за освојување на Светскиот куп заработи 22,6 милиони евра, а Холандската 18,1 милион евра.
XS
SM
MD
LG