Достапни линкови

Двајца либански војница загинале во престрелките со Израел


Двајца либански војници загинале при израелскиот напад на едно либанско село долж границата меѓу двете земји. До судирот дошло кога израелски војници се обиделе да отстранат едно дрво кое се наоѓало на либанска територија. По престрелката израелски тенк испукал граната која погодила една куќа во селото. Границата меѓу двата соседа беше релативно мирна од 2006 година, кога во војната помеѓу Израел и Хезболах загинаа околу 1.200 Либанци и 160 Израелци. По војната, ОН распореди 12.000 мировници во пограничните области. Мировниците на ОН во Либан повикаа двете страни да се воздржат од понатомаошни судири
XS
SM
MD
LG