Достапни линкови

Во две рударски несреќи во Кина 19 загинати


Најмалку 19 рудари загинале а 14 се уште се блокирани во рударските окана во две одвоени несреќи во рудници во Кина во изминатите 24 часа, соопштуваат тамошните власти. Едната несреќа се случила во рудник во југозападната провинција Гуџзи при што загинале 10 рудари . А доцна вчера загинале 9 рудари во ескползија во рудник во централната провинција Хенан. Како што јавуваат новинските агенции, 127 рудари биле во рудникот за време на несреќата, од кои 111-мина успеале да избегаат. За време на викендот, 24 рудари беа заробени во поплавен рудник во северозападниот дел на Кина. Рударските несреќи во Киан се чести. Минатата година загинале 2.631 рудари.
XS
SM
MD
LG