Достапни линкови

logo-print

Судир на израелско-либиската граница


Либански и израелски војници си размениле оган на границата помеѓу двете земји, при што еден либански војник е лесно ранет, потврдија либиските власти. До судирот дошло кога израелски војници се обиделе да отстранат едно дрво кое се наоѓало на либанска територија. По престрелката израелски тенк испукал граната која погодила една куќа во селото. Нема информации за евентуални жртви. Границата меѓу двата соседа беше релативно мирна од 2006 година, кога во војната помеѓу Израел и Хезболах загинаа околу 1.200 Либанци и 160 Израелци. По војната, ОН распореди 12.000 мировници во пограничните области.

XS
SM
MD
LG