Достапни линкови

Надлежните ги повикуваат граѓаните порационално да ја трошат водата.

Дневната потрошувачка на вода во изминатиов месец во земјава изнесува околу 605 литри вода по жител според податоците на Водовод и канализација. Дека граѓаните прекумерно трошат вода беше потврдено и на последниот Светски форум за вода. Пред Македонија, на листата на земји се најдоа само Кипар и Бугарија. Топлото време е единствената причина за нерационалното расфрлање
Ние имаме потрошувaчка од 335 илјади метри кубни на ден. Тоа претворено во литри на ден по глава на жител е околу 605 литри на ден на жител, тоа е голема потрошувачка, тоа се цели буриња вака народски на
кажеме.
на водата. Бројките варират од ден на ден во зависност од температурата, вели техничкиот директор во Водовод и канализација, Борис Начков.

„Ние имаме потрошувaчка од 335 илјади метри кубни на ден. Тоа претворено во литри на ден по глава на жител е околу 605 литри на ден на жител, тоа е голема потрошувачка, тоа се цели буриња вака народски на кажеме.“

Водата е богатство велат граѓаните, но признаваат дека за време на летниот период трошат повеќе вода од вообичаено.


„Па се разбира дека во летно време трошиме повеќе вода, вадиме цвеќина итн.“

„Нормално летно време се троши повеќе вода, се наводнува, базен полниме.“
За да бидеме коректни према нашите корисници кои живеаат во повисоките зони од градот, за да и тие во овие пеколни горештини имаат вода за основните санитарни
потреби.


„Наводнуваме бавча, трева, се бањаме, готвиме, трошиме мора да се оладиме.“

Од Водовод и канализација велат дека граѓаните треба да бидат поразумни за да не се појави недостаток на вода на одредени локации. Тие не треба ни да ги злоупотребуваат парковските хидранти за полевање на зелените површини и пожарните хидранти за полевање на ниви и градини во приградските населби, вели Начков.

„За да бидеме коректни према нашите корисници кои живеаат во повисоките зони од градот, за да и тие во овие пеколни горештини имаат вода за основните санитарни потреби. Значи системот е дименензиониран за тие санитарни потреби, а не за полевање на ниви и други потреби.“

Рационалната потрошувачка на вода не значи ограничување на потрошувачката, туку нејзино користење во нормални количини, а тоа ќе значи и помали сметки за граѓаните велат од Водовод и канализација.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG