Достапни линкови

Советот за Безбедност ќе одржи седница за Косово


Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница посветена на ситуацијата на Косово на која шефот на УМНИК ќе поднесе редовен извештај за ситуацијата. Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ ќе ја престави позицијата на Србија по соопштувањето на Советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда.
Шефот на косовската дипломатијата Скендер Хисени пак во Њујорк побара резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, со која во 1999 година беше воведена привремена администрација на ОН, да се замени со друга. Косово бара нова резолуција за прашањето на неговиот статус, што ќе му овозможи да се присоедини кон меѓународната организација.
XS
SM
MD
LG