Достапни линкови

Обама најави повлекување од Ирак


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека американските воени трупи до 31 август годинава ќе се повлечат од Ирак, а мисијата ќе заврши како што било ветено. Тој во обраќањето на конвенцитата на воени ветерани изјави дека како што било планирано така и ќе заврши мисијата во Ирак. Обама изјавил дека до крајот на месецот повеќе од 90 илјади луѓе кои се на служба во Ирак ќе се вратат дома. Но 50 илјади војници ќе останат во земјата да ги обучуваат ирачките безбедносни сили, за да можат да се спроведуваат антитерористички операции и да се обезбеди безбедност за тековните американски проекти во земјата.
XS
SM
MD
LG