Достапни линкови

ОН формира Комисија за истрага за бродот за Газа


Шефот на ОН, Бан Ки-Мун, денеска го објави составот на четири члената Комисија која ќе ја врши истрагата на инцидентот кој се случи за време на израелската рација на бродот кој носеше помош за Газа , при што загинаа 9 луѓе. Во Комисијата има еден Турчин и еден Израелец. Претседател на Комисијата е поранешниот премиер на Нов Зеланд Џефри Палмер. Комисијата ќе започне со работа на 10 август и ќе го достави својот прв извештај за напредокот кон средината на септември. Премиерот Бенјамин Нетанјаху во меѓувреме го информираше шефот на ОН дека Израел ќе учествува во истрагата на ОН. Одлуката беше донесена од високи членови на кабинетот на Нетанјаху, кои гласаа да и се овозможи на Комисјата пристап до матријалите собрани за време на израелските истраги за инцидентот кој
се случи на 31 мај.
XS
SM
MD
LG