Достапни линкови

Во Русија уапсен опозициски лидер за учество во протести


Водачот на руската опозициска партија Јаблоко е уапсен денеска заедно со другите кои протестирале против планот на Владата да изгради автопат низ шумата Кимки во Русија. Освен лидерот на партијата биле уапсени уште 50 екологисти и припадници на опозицијата. И минатата недела имаше протести кои прераснаа во насислтво откако демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби кон зградата на локалната админстрација. Предложениот план предвидува автопат кој ќе ги поврзува Москва и Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG