Достапни линкови

logo-print

Вонредна состојба во Русија во регионите со пожари


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска прогласи вонредна состојба поради пожарите во седум руски региони. Во соопштението од претседателот се ограничува пристапот на населениот до погодените региони. А во декретот е наведено и дека властите може да ги ангажираат и безбедносните сили за гаснење на пожарот. Најмалку 34 луѓе загинале во шумските пожари кои ја зафатија Русија . Уништени се и стотици домови, а илјадници луѓе се евакуирани. Властите соопштуваат дека сепак е постигнат напредок во борбата со огнената стихија и пожарите се намалуваат. Од Центарот за Кризни случаи соопштуваат дека во текот на измиантите 24 часа се појавиле 500 нови пожари. Во Русија изминатиот период беа забележани рекордно високи температури измерени во последните 130 години. Премиерот Владимир Путин во меѓувреме повика на итен состанок со гувернерите на регионите уништени од пожари.
XS
SM
MD
LG