Достапни линкови

Туѓо не сакаме, свое не даваме


Претседателот Ѓорге Иванов во Пелинце

Претседателот Ѓорге Иванов во Пелинце

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, во илинденските говори порачаа дека Македонија сака да влезе во НАТО и во ЕУ, но достоинствено.

Туѓо не сакаме, своето не го даваме, Македонија и Македонците се реалност. Ние сакаме да влеземе во НАТО и во ЕУ, но достоинствено. Ова се пораките од илинденските говори на претседателот Ѓорге Иванов на Пелинце и на премиерот Никола Груевски на Мечкин Камен во Крушево.

Претседателот Иванов рече дека Македонија живее со идејата за обединета Европа, кон која природно припаѓа.
Тој нагласи дека Македонија има добри односи со речиси сите соседи. Македонија, била, е и ќе биде во Европа, достоинствено и слободно. Претседателот Иванов оцени дека блокирањето на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО од страна на нашиот јужен сосед не придинесува кон стабилноста во регионот.

„Некои политичари кај нашиот јужен сосед имаат проблем со нашето име и нашиот идентитет. Затоа сакам да знаете дека тука сме
Некои политичари кај нашиот јужен сосед имаат проблем со нашето име и нашиот идентитет. Затоа сакам да знаете дека тука сме да им помогнеме, да го надминат тој проблем и да прифатат она што е реалност - Македонија и Македонци.
да им помогнеме, да го надминат тој проблем и да прифатат она што е реалност - Македонија и Македонци. Затоа потенцирам - Република Македонија многу пати досега покажа дека е подготвена за дијалог, за средби и комуникација како единствен начин за надминување на разликите. Ние, многу пати досега, ја пруживме раката на помирување и разбирање и затоа таа се уште е подадена.“

Премиерот Никола Груевски пали свеќа во црквата Света Богородица, за време на иселеничката средба во Трново

Премиерот Никола Груевски во Крушево рече дека интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија, е стратешки и еден од најзначајните предизвици и ориентири.

„Токму на овој пат за членството во НАТО и ЕУ, соочени сме со суровата реалност дека дури и денес во 21 век, се уште сме принудени да ја довршуваме борбата за нашиот идентитет, јазик, име, националност и самоопределување.“

Ние со несмалено темпо ќе продолжиме да ги остваруваме нашите стратешки цели за членството во НАТО и ЕУ, рече премиерот Никола Груевски.
Се уште сме принудени да ја довршуваме борбата за нашиот идентитет, јазик, име, националност и самоопределување.


„Ние ги почитуваме сите наши соседи и сакаме со сите да соработуваме, како што и го правиме тоа. Не сакаме никому ништо да му одземеме, ниту територија, ниту култура, ниту историја, ниту ништо што е туѓо. Но, не сакаме ниту нам да ни го одземаат она што е наше.“

Груевски рече дека „ни за нас, нити за нашите почитувани соседи, нити пак за Европа не е добро да влеземе со низок морал, девалвиран статус и повредени чувства, или како што некои знаат да кажат со свиткана кичма.“






  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG