Достапни линкови

Полска:Русија не дава информации за авионската несреќа кај Смоленск


Русија го одложува испраќање на информации во Варшава од нејзината истрага за авионската несреќа во која загинаа полскиот претседател Лех Качински, соопштуваат полските власти. Шефот на истрагата во Полска Едмунд Клич изјави дека Русите не сакат да им ги испратат матријалите. Станува збор за документи , кои би можеле да ги потврдат евентуалните пропусти кои доведоа до несреќата. Во несреќата загинаа сите 96 патници ,преставници од политичкиот и од воениот врв во Полска
XS
SM
MD
LG