Достапни линкови

logo-print

Ахмадинеџад бара разговор со Обама


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го повика американскиот претседател Барак Обама да се соочат на телевизиска дебата за тоа како да се решат проблемите на светот. Ахмадинеџад изјави оти се надева дека Обама ќе биде подготвен да разговараат во седиштето на ОН во Њујорк следниот месец.Иранскиот лидер, исто така, го критикуваше Обама што ги пропушти историските можности да ги поправи односите со Иран.Се уште нема одговор од Белата куќа за предлогот од Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG