Достапни линкови

logo-print

Иванов за Илинден во Пелинце


Грција да прифати дека ние постоиме и ќе постоиме како нивни искрени соседи и пријатели , почара претседателот Ѓорге Иванов на обраќањето во Пелинце на одбележувањето на Илинден. Иванов изјави дека блокирањето на интеграциите на Македонија од страна на Грција не придонесува кон стабилност на регионот и не соодвестува со целите на ЕУ и НАТО – како што се мирот, стабилноста и благосостојбата. Претседателот изјави дека сако како Македонија и како Македонци сме придобивка за Европа и ги повика европските партнери да останат доследни на европските вредности. На народниот собир во меморијалниот центар АСНОМ во кумановско Пелинце присуствуваа и владина делегација, како и делегации од Собранието, од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и други асоцијации и здруженија. Годинава не беше испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јурисдикција на Српската православна црква.
XS
SM
MD
LG