Достапни линкови

logo-print

По грешка објавени имиња на чешки воени разузнавачи


Чешкиот институт за студии на тоталитарните режими, по грешка, на интернет ги објавил имињата на некои од активните агенти на воената разузнавачка служба. Имињата на 380 агенти, и бивши, но и сегашни, меѓу кои и дипломати во чешки амбасади, како во Македонија, Русија, Украина, стоеле на сајтот на Институтот од април до јуни годинава. Експертите во Чешка оценија дека е загрозен животот на актуелните разузнавачи и оти тие треба веднаш да бидат повлечени.
XS
SM
MD
LG