Достапни линкови

logo-print

Ракети врз пристаништа во Израел и во Јордан


Безбедносните служби на Јордан соопштија дека на улица во пристанишниот град Акаба паднала ракета, при што 5 лица биле повредени. Според јорданското министерство за внатрешни работи, ракетата била истрелана од Синај во Египет. Во истовреме и израелски претставници соопштија дека израелското пристаниште Еилат, кое е на 10 километри од Акаба на Црвено Море, било погодено со 5 ракети, но нема информации за повредени. Египет демантира дека ракетите се истрелани од негова територија.
XS
SM
MD
LG