Достапни линкови

Обама ја оценил својата работа како недовршена


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјавил дека неможе да даде конечна оценка за своето претседателствување. Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјавил дека неговата работа е недовршена . Обама ги навел своите достигнувања ,како спречувањето на целосен колапс на економијата и усвојувањето на законот за здраствено осигурување. Американскиот претседател изјавил дека понекогаш има впечаток дека неговата администрација не ги добива заслугите зато што Американците и понатаму се уплашени, незадоволни и фрустрирани.
XS
SM
MD
LG