Достапни линкови

Русија преседава со Советот за безбедност на ОН


Русија денеска го презеде преседавањето со Советот за безбедност на ОН. Претседател на Советот сега е преставникот на Русија во ОН Виталија Чуркин. Русија го презеде претседателството од Нигерија. Утре традиционално новиот претседател ќе има билатерални средби со своите колеги во Советот за безбедност, за усогласување на планот за работа во наредните месеци. Веќе се знае дека на новиот претседател му претстои расправа за мировните мисии на ОН во Ирак и Либан и преглед на ситуацијата во Косово. За прашањето на Косово, членовите на Советот за безбедност ќе одржат отворена дискусија во која ќе учествуваат министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ и шефот на Министерството за надворешни работи на Косово Скендер Хисени.
XS
SM
MD
LG