Достапни линкови

Експлозија во Турција, 4 загинати


Четири луѓе загинале во југоисточна Турција, кога нивното возило наишло на бомба, за која постои сомневање дека е поставена од курдските сепаратисти, соопштуваат турските медиуми. Анадолија јавува дека автомобилот се движел кон еден од нафтените објекти на границата со Ирак, каде што курдските бунтовници често организираат диверзии предизвикувајќи пожари. Курдистанската работничка партија неодамна ги засили своите терористички активности во Турција, на што властите во Анкара одговараат со големи полициски и воени операции на југоистокот на државата.
XS
SM
MD
LG