Достапни линкови

logo-print

Нов биланс:1.100 загинати во поплавите во Пакистан


Во полавите на северозапад од Пакистан загинале 1.100 луѓе , го соопштуваат тамошните власти новиот биланс на жртви. Тие предупредуваат дека бројот може да биде многу поголем бидејќи спасувачките екипи не можат да дојдат до најзагрозените области. Власите изјавиле дека досега се спасени повеќе од 20 илјади луѓе, но уште толку чекаат помош. Денеска во Пакискат нема дождови и се повлекува водата, што им олеснува на спасувачите во акциите за помош на населението. Лекарите предупредуваат дека сега постои опасност од појава на епидемии па дури и колера во некои области.
XS
SM
MD
LG