Достапни линкови

Превозниците одлучуваат за прекин на штрајкот во Грција


Грчките автопревозници денеска треба да одлучат дали да продолжат со еднонеделниот штрајк кој предизвика недостаток на гориво и незапамтени блокади на сообраќајот во земјата во ек на туристичката сезона. Ситуацијата се смири малку синоќа откако од Владата предложија да ја укинат одлуката за работните обврски ако возачите на камиони се откажат од штрајкот . Возачите на цистерни со гориво се против реформите со кои се предвидува да се зголеми цената и начинот на издавање на годишни дозволи за работа. Владата на Грција вчера ангажираше воени камиони и бродови за снабдување на граѓаните со гориво, војниците им одзимаа и цистерни на штрајкувачите и ги снабдуваа бензинските пумпи.
XS
SM
MD
LG