Достапни линкови

Во поплавите во Пакистан загинале 900 луѓе


Бројот на загинати во поплавите во Пакистан се искачи на 900 луѓе, соопштуваат тамошните власти. Илјадници луѓе сеуште се заробени од поплавите со кои се соочува земјата и кои се оценуваат како најлоши во последните неколку децении. На спасувачите им олесни тоа што водата почнува да се повлекува, но тие велат дека дури сега може да се види вистинската катастрофа. Властите опишуваат дека цели села се поплавени, стоката удавена, посевите уништени.
XS
SM
MD
LG