Достапни линкови

Ивица Дачиќ:се создава Голема Албанија


„На дело имаме создавање на „Голема Албанија“. Албанците веќе имаат една држава, сега на Косово создаваат втора, а можеби ќе создадат и трета во Македонија“, изјави српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во неделното интервју за весникот Политика. Според него, состојбата на Косово веројатно ќе ги поттикне Србите во Република Српска да размислуваат за самостојност.Дачиќ прашува зошто ако му се дозволува на Косово да се отцепи од Србија, зошто на Србите од северно Косово не би им се дозволило да се отцепат од Косово. Српскиот вицепремиер препорачува да се отворат разговори во кои јасно би се утврдило што се очекува од Србија и дали е тоа возможно, па дури потоа да се постигнуваат историски спогодби.

XS
SM
MD
LG