Достапни линкови

Кина ќе инвестира во Иран


Кина најави дека ќе инвестира околу 40 милијарди долари во нафтениот и гасниот сектор во Иран, објави иранскиот заменик-министер за нафта Хосеин Ногрекар Ширази. Кина е главниот економски и трговски партнер на Иран, таа го искористи повлекувањето на западните компании под притисок на нивните влади, и сега обемот на стоковна размена e 21,2 милијарди долари, наспроти 14,4 милијарди, три години пред тоа. Кина ги искористува меѓународните санкции против Техеран поради спорната нуклеарна програма за да го прошири своето присуство во Иран.

XS
SM
MD
LG