Достапни линкови

Американските туристи се испитуваат за намерите против Иран


Tројцата американски туристите кои се притворени во Техеран една година, се испитуваат од страна на властите за нивните можни намери да и наштетат на иранската безбедност, изјавиле иранските власти. Од иранското Министерството за надворешни работи, соопштиле дека тројцата туристи во земјата влегле нелегално , и затоа се испитуват нивните намери . Тројцата Американци беа уапсени на 31 јули минатата година откако влегле во Иран од Ирак.Во петокот, американскиот претседател Барак Обама го повика Иран веднаш да ги ослободи туристите , велејќи дека тие никогаш не работеле за Владата на САД.

XS
SM
MD
LG