Достапни линкови

Бругарија нема да биде условувана со проблемот со Ромите


Франција нема да го условува приклучувањето на Бугарија кон Шенген зоната, со решавање на проблемот со Ромите, изјавил портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Бернар Валеро.Тој изјавил дека Франција не отстапува од идејата за екстрадиција на бугарските и романските Роми, кои ги прекршиле француските закони. Франција сака да ги екстрадира Ромите за да ги „извлече од мафијашките мрежи“, бидејќи тие не само што се криминалци, туку се и жртви на мафијата која ги експлоатирa. На почетокот на неделава францускиот министер за внатрешни работи Брис Ортефо најави дека Франција ќе ги депортира Ромите по потеко од Бугарија и Романија, кои ги прекршиле француските закони и дека ќе урне околу 300 илегални ромски кампови
XS
SM
MD
LG