Достапни линкови

Пожарите во Русија се шират многу брзо


Многу брзо се шират шумски пожари кои ја зафатија Русија за време на топлотниот бран кој ја зафати земјата. Особено погоден е Далечниот Исток на Русија каде во изминатите 24 часа пожарите се рашириле за 3 пати и сега горат околу 100 илјади хектари. Од Министерството за итни случаи соопштуваат дека во гаснењето на пожарите во 14 региони во земјата учествуваат 238 илјади пожарникари. Рускиот премиер Владимир Путин ги повика гувернерите на регионите уништени од пожарите, утре да одржат итен состанок. Се оценува дека ова се најлошите пожари кои ја зафатиле Русија во последниве децении.
XS
SM
MD
LG