Достапни линкови

logo-print

Холандија ја завршува мисијата во Авганистан


Холандија денеска официјално завршува со својата воена мисија во Авганистан. Земјата ги повлекува своите војници кои таму служеа 4 години. Во мисијата учествуваа 1.950 војници а нивното учество е оценето како ефикасно и допринело за обезбедувањето на безбедноста , но помогнале и за да им обезбедат здраствени услуги и образование на жителите во провинцијата Урузган. За време на престојот на холандските војници во Авганистан, загинаа 24 од нив. Минатата недела портпаролот на Талибанците ја пофали Холандија што има храброст да се повлече од Авганистан и ги повика другите земји кои имаат војници во Авганистан да го сторат истото. НАТО побара од Холандија продолжување на мисијата од една година, но барањето предизвика политички недоразбирања во земјата, што допринесе за пад на Владата
XS
SM
MD
LG