Достапни линкови

Спасувачки акции во Пакистан по поплавите


Спасувачките екипи и војниците во Пакистан успеале да спасат повеќе од 19 илјади луѓе од поплавите. Но се стравува дека може да има уште луѓе на кои им е потреба помош , бидејќи многу региони се отцепени и не може да се стигне секаде. Во поплавите што го зафатија Пакистан загинаа повеќе од 800 луѓе . ОН наведуваат дека од поплавите се погодени 1 милион луѓе. Во соседен Авганистан пак од лизгање на земјиштето предизвикано од поплави загинале 65 луѓе. Поплавите урнале многу мостови, брани, уништиле куќи, многу патишта се поплавени. Се оценува дека ова се најлошите поплави кои ја зафатиле земјата од 1929-та година па наваму.
XS
SM
MD
LG