Достапни линкови

Средба на Друцас со државниот врв на Косово


Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас вчера во Приштина имаше средба со претседателот и со премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи, на која истакнал дека Атина сака да го унапреди духот на соработка во регионот. Друцас изјавил дека Грција цврсто верува во заедничката европска перспектива која ќе воспостави траен мир и стабилност за сите земји од регионот. Сејдиу, соопштуваат од Кабинетот на косовскиот претседател, на Друцас му рекол дека е време Грција да ја признае независноста на Косово бидејќи тоа е многу важно за одржлив мир и стабилност во регионот. Друцас, како што соопшти Кабинетот на Сејдиу, рекол дека Грција му придава големо значење на советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда и внимателно го анализира. Друцас претходно го посети Белград со цел да ја промовира иницијативата на Атина за повторно отпочнување дијалог меѓу Србија и Косово.
XS
SM
MD
LG