Достапни линкови

logo-print

Пахор и Косор:наскоро решение за Љубљанска банка


Премиерите на Словенија и н Хрватска Борут Пахор и Јадранка Косор по денешната средба во Бохињ изразиле очекување дека прашањето за Љубљанска банка ќе биде решено во наредните три месеци. Двајцата премиери се договориле проблемот на хрватските штедачи во Љубљанска банка да биде решен врз основа на меѓународниот договор за почитување на правата на поединецот. Словенечката банка на повеќе од 130 илјади хрватски штедачи им должи 160 милиони евра, без камати, долг кој датира од 1993 годин. Првичниот долг изнесуваше 420 милиони евра, но Хрватска во својот јавен долг превзема 260 милиони евра.
XS
SM
MD
LG