Достапни линкови

logo-print

Блокирани туристи во Грција поради недостиг на горива


Илјадници локални жители и странски туристи и денеска останаа блокирани во Грција, поради недостигот на горива на бензинските станици, предизвикан од шестдневниот штрајк на возачите на камиони. Штрајкот на камионџиите, што започна во понеделникот, доведе до прекин на дистрибуцијата на лекови, храна и бензини, чии резерви се речиси целосно исцрпени. Грчката Влада ги мобилизираше воените камиони и бродови за достава на основните прехрамбенни продукти и горива, но само мал број бензински станици во Грција добија нови количества бензини. Грчките медиуми јавуваат дека голем број странски туристи, пред се од Бугарија и Србија, кои пристигнале на одмор во Грција со сопствен превоз, не можат да се вратат дома бидејќи нема бензин. Камионџиите го започнаа штрајкот во знак на протест поради владиниот предлот за либерализација на транспортниот сектор, која беше еден од условите за доделување на спасоносниот пакет од страна ММФ и ЕУ.
XS
SM
MD
LG