Достапни линкови

Русија зафатена од шумски пожари


Од Министерството за одбрана на Русија испратиле повеќе од 2.000 војници да им помогнат на пожарникарите кои се борат со стотици шумски пожари во централниот регион на земјата. Повеќе од 16.000 пожарникари, поддржани од 56 хеликоптери и авиони, се обидуваат да ги стават пожарите под контрола. Според Министерството за итни случаи, 400 пожари се уште се активни и имаат зафатено околу 120 илјади , додека 387 пожари беа изгаснати вчера . Во пожарите загинаа повеќе од 30 луѓе.
XS
SM
MD
LG