Достапни линкови

Познати личности на свадбат на Челзи Клинтон


Високи политички преставници и луѓе од забавниот живот се очекува да присуствуваат на свадбата на Челзи Клинтон ќерката на државниот секретар на Америка Хилари Клинтон и на поранешниот претседател Бил Клинтон . Челзи Клинтон ќе се мажи со Марк Мезвински со кого е долги години во врска. Извештаите кажуваат дека на свадбата ќе присуствуваат поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт , режисерот Стивен Спилберг, Опра Винфри и други познати личности. Преземени се мерки за силно обезбедување на просторот каде ќе се одржи свадбта.
XS
SM
MD
LG