Достапни линкови

Пакистан се бори со поплави


Спасувачките екипи и војниците во Пакистан и денеска продолжуваат со операциите за помош на стотици илјади луѓе кои се погодени од поплавите кои ја зафатија земјата. Се оценува дека тоа се најлошите поплави кои го погодиле Пакистан во последните неколку децении. Во поплавите досега загинаа повеќе од 400 луѓе, а неколку стотина илјади ги напуштиле своите домови. Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Најпогодени од поплавите се областите Кунбер-Пашкунунква и Кашмир, стотици куќи се уништени, а многу мостови и брани од поплавите се урнати .


XS
SM
MD
LG