Достапни линкови

Чавез испрати војници на границата со Колумбија


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез наредил да се распоредат војници на границата со Колумбија. Распоредувањето на безбедносните сили Чавез го објаснува со тоа дека неговиот ривал претседателот на Колумбија Алваро Урибе, може да ја нападне Венецуела. Колумбиските официјални лица претходно изјавија дека Колумбија нема планови за напад на Венецуела. Чавез ги прекина дипломатските односи со Колумбија на 22 јули, откако владата на Урибе објави слики, мапи и видео матријали за колумбиски бунтовнички кампови во Венецуела. Чавез негираше дека има засолниште на било какви бунтовници.


XS
SM
MD
LG