Достапни линкови

Европол - Рокерско моторџиски банди „хараат“ во Југоисточна Европа


Криминални рокерски банди со брзо темпо ги насочуваат своите активности кон Југоисточна Европа и стануваат се подрски и побрутални во своето однесување, предупреди денеска Европол.
Станува збор за банди, поврзани со моторџиските клубови „Ангели на пеколот“ и „Бандидос“, кои според Европол, се префрлиле во Албанија, Бугарија и во делови од Турција, каде се занимаваат со препродавање дрога и со други криминални активности.
Новите сојузи меѓу илегалните банди покажуваат дека тие веќе имаат капацитет да раководат со трговијата со дрога преку ЈИЕ, користејќи ја т.н. „балканска маршрута“, се наведува во соопштението на Европол.
Пристигнувањето на овие бани во ЈИЕ почнало пред околу две години, но во последно време тие со голема брзина се шират во регионот и и создаваат проблеми на локалната полиција. Европол поради тоа повикува на потесна соработка меѓу полициите и размена на информации за борба против овие криминални групи.
XS
SM
MD
LG