Достапни линкови

Дипломатски гафови


Недипломатски јазик и недозволиви гафови, вака експертите го оценуваат вчерашниот настап на новиот амбасадор во НАТО, Мартин Треневски.

Само пусти желби и убави приказни изнесени низ недипломатски јазик со многу недозволиви гафови. Вака дел од македонските експерти гледаат на вчерашниот настап на новоименуваниот амбасадор во седиштето на НАТО, Мартин Треневски. Тоа не би биле
Апсолутно не носи кон ништо добро вакво нешто. Сите вакви изјави се следат од амбасадите, се создаваат проценки и со тоа носиме повторно негативни поени ...
само негови желби туку и на сите граѓани на Република Македонија, но тој како амбасадор не би смеел да биде оддалечен од реалноста која што е сосема поинаква, велат упатените.

,,Апсолутно не носи кон ништо добро вакво нешто. Сите вакви изјави се следат од амбасадите, се создаваат проценки и со тоа носиме повторно негативни поени. Значи некој дефинтивно и свесно не сака да одиме во НАТО.“ изјави професорот Владимир Пивоваров.

Во рамките на личните желби спаѓаат најавите дека ќе се бара корегирање на одлуката од Букурешт како и реформи во принципот на одлучување во Алијансата, додава Пивоваров, зошто е јасно дека тоа нема да може да се постигне. Песимист во врска со најавите на амбасадорот Треневски е и професорот Осман Кадриу. Имало примери и до сега дипломатијата да се обидува да изнесува слични предлози до меѓународните организации, но тие секогаш остануваат безгласни букви, вели тој.
Така што и во овој случај апсолутно нема да се дозволи предлози на една конкретна земја кои се однесуваат на нивното работење, нивниот начин, нивниот метод на работење, ние да можеме тоа да го менуваме


,,Таквите предлози тие воглавно не ги прифаќаат така што и во овој случај апсолутно нема да се дозволи предлози на една конкретна земја кои се однесуваат на нивното работење, нивниот начин, нивниот метод на работење, ние да можеме тоа да го менуваме. Сигурно дека тоа нема да се дозволи.“

Не може да се оспори дека амбасодорот имал одредени цели со ваквите изјави, коментираат експертите, но тие пред се најверојатно се упатени кон домашниот електорат во смисла на освојување политички поени. Во истата насока, вели Пивоваров, веројатно беше најавена и заедничка офанзива на дипломатијата, медиумите, пратениците и невладините организации пред самитот во Лисабон. Таква стратегија како што додава на државата е неопходна, но по четири пропуштени години, четири месеци се прекраток период за да се постигне нешто конкретно со неа и покрај тоа што не може да се оцени како негативен потег, речиси е осудена на неуспех.
XS
SM
MD
LG