Достапни линкови

logo-print

Друцас во посета на Белград и Приштина


Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас од денеска е во посета на Белград за да ја промовира иницијативата за придвижување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, по советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за Косово.
Друцас денеска ќе разговара и со патријархот Иринеј, а утре ќе се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ и со министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ.
Друцас од Белград ќе отпатува за Приштина, каде ќе разговара со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG