Достапни линкови

Груевски: Македонија ќе се развива и покрај блокадите


Македонија ќе продолжи да се развива како држава и ќе работи на остварувањето на стратешките цели, доколку и во иднина продолжат блокирањата на евроатланските интеграции. Ова беше одговорот на премиерот Никола Груевски на пратеничкото прашање на Тито Петковски, дали со непопуштањето во спорот за името со Грција не се доведува во прашање иднината и стабилноста на Македонија.
На седницата за пратенички прашања, Груевски рече дека не размислува да ја повлече тужбата против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
XS
SM
MD
LG