Достапни линкови

Руски специјалци ослободија киднапиран авион


Руските специјалци совладаа киднапер, кратко откако тој ја презема контролата на приземјен авион со 105 патници на московскиот аеродром Домодедово. Кога авионот, што летал од градот Минералние Води, се приземјил, еден од патниците, на членовите на екипажот, им предал порака со која барал да се сретне со новинари и со премиерот Владимир Путин.
Авионот бил ослободен два часа подоцна од специјалци преправени во доктори кои влегле во авионот откако киднаперот дозволил на неколку патници да им се укаже лекарска помош.
Се уште е непознато како киднаперот успеал да ја преземе контролата врз авионот.
XS
SM
MD
LG