Достапни линкови

ФБИ ќе истражува како „протекле“ воените документи


Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс изјави дека „протекувањето“ на илјадници класифицирани документи за војната во Авганистан може да биде опасно за американските сили и нивните сојузници во војната. Тој вели дека интернет страницата Викиликс, која ги објави документите, им дала на противниците вредни информации за американската воена тактика и техника.
Гејтс најави „агресивна истрага“ за да се открие изворот од кој се добиени документите и соопшти дека за таа цел побарал помош од ФБИ.
XS
SM
MD
LG