Достапни линкови

Каратето масовен спорт во Дебар


Карате натпреварувачи
Карате натпреварувачи

Карате спортот во Дебар, но и пошироко во регионот се повеќе го привлекува вниманието на младите.

За само неколку години, голем број млади станаа членови на локалниот карате клуб „Уранику“ и сега овој спорт е многу помасовен од фудбалот.

„Големо е задоволство што расте интересот за карате спортот во Дебар. Во овој клуб до сега минаа над стотина млади. Ние како раководство на клубот обезбедуваме услови за тренинзи и непречено реализирање на активностите на каратистите. Обезбедивме сала но и други потребни услови. Имаме и двајца тренери со лиценца и редовно организираме натпревари за појаси за каратистите“,
Големо е задоволство што расте интересот за карате спортот во Дебар. Во овој клуб до сега минаа над 100 тина млади .Ние како раководство на клубот обезбедуваме услови за тренинзи и непречено реализирање на активностите на каратистите.
истакнува претседателот на карате клубот „Уранику“ во Дебар Илбер Кокале.

Според Кокале, овој спорт како и другите спортови ги заштитуваат младите во Дебар од одредени негативни појави на улицата.

Илустрација: Карате

„Врз овие млади нема влијанија ниту дрогата ниту алкохолот и пушањето. Тоа се здрави млади, воедно имаме и многу добра соработка со родителите на младите кои се членови на овој карате клуб“, истакнува претседателот на клубот.

За масовноста на карате-спортот во Дебар, позитивна оценка има и Карате федерацијата на Република Македонија. Познатиот карате-работник Назим Куртовиќ деновиве, за време на полагањето на младите каратисти за карате појаси во Дебар, рече дека каратето во Дебар има добра перспектива.

„Во Дебар овој спорт се развива добро. Полагањето покажа дека децата се максимално концентрирани и успешно положија за повисоки појаси. Дебар има добра иднина“, вели Куртовиќ.

Запрашан за состојбите во карате спортот во Македонија Куртовиќ вели:

„Се трудиме на ниво на држава да направиме добра основа и да има перманентен дотур на млади кадри во овој спорт. Ние носиме многу трофеи од Европа“, нагласува Куртовиќ.

Инаку, покрај во Дебар, карате спортот е се поприсутен и во рералните населби во регионот.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG