Достапни линкови

Обвинет човек за помагање во убиство на 430 илјади Евреи


Обвинителството во Германија обвини еден 88 годишен човек за помагање во убиство на 430 илјади Евреи за време на Холокаустот и за убиство на 10 други. Обвинителите во западниот град Дортмунд, обвиненијата ги поднеле против Самоил Кунц, за помагање во убиството на Евреите во нацистичкиот логор Белзец блиску до полскиот град Лублин во периодот 1942-1943-та година .Случајот на Кунц излезе на виделина за време на судењето на Џон Демјанук кој се суди за убиство на 27 илјади луѓе. Кунц е трет на листата на најбараните нацистички воени злосторници.
XS
SM
MD
LG